| четврток, 6 декември 2018 |

Спомен-куќа на семејството на Ататурк во Коџаџик

kodzadzik-copy-480x359

Спомен-куќата на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, денеска ќе биде свечено отворена во село Коџаџик, општина Центар Жупа. На отворањето ќе присуствуваат претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милевска.

Спомен-куќата е изградена во соработка меѓу Министерството за култура и Турската агенција за соработка и координација – ТИКА.

Заедничкиот проект опфаќаше и конзервација и реставрација на старите постојни ѕидови во приземјето на куќата, како и изградба на пат од центарот на селото Коџаџик до спомен-куќата.

Семејството на Мустафа Кемал Ататурк, според сознанијата на македонските и турските историчари и археолози, живеело во Коџаџик во втората половина на XIX век. Кон крајот на XIX век, Али Риза се сели во Солун и се оженил со Зебеиде Ханим, која потекнувала од старо турско семејство од Лангаса, близу Солун. Тука е роден и нивниот син Кемал Мустафа. Али Риза, воден од желбата да ја сочува врската со родната земја, го испратил синот во военото училиште во Битола.

Покрај куќата на семејството на Мустафа Камал Ататурк во Коџаџик, се наоѓа уште еден станбен објект, наречен Роднинска куќа. Заедно, тие две градби претставуваат единствена целина, музејски комплекс, како сведоштво за потеклото и животот на семејството Ататурк во селото Коџаџик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top