Општина Центар донесе одлука да додели парична помош во износ од 1.000.000 денари (околу 16.000 евра) за настраданите граѓани од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина. Одлуката ја донесоа едногласно сите советници.
– Доделуваме еден милион денари за настраданите. Средствата се од буџетот на Општина Центар и се уплаќаат на посебна сметка на Црвениот крст. Доделуваме парични средства бидејќи тоа беше сугестијата од Црвениот крст на Србија и на БиХ и тоа им е во овој момент најпотребно. Овие средства ќе стигнат на вистинска адреса и ќе бидат мала помош за настраданите жители – рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Благодарност до советниците и до Општина Центар искажаа и од Црвениот крст на РМ.
– Задоволни сме што Општина Центар се обрати кај нас. Општина Центар е меѓу првите општини кои се понудија да издвојат парична помош за настраданите од поплавите. Жиро-сметката на Црвениот крст за помош на настраданите ќе биде отворена до 31 мај – изјави Валентина Колевска од Црвен крст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)