Огранокот Виница Лески организираше шаховски турнир на кој Блаже Арсов е најдобриот пензионер шахист пишува порталот региони.мк
Со освоени 8,5 поени Арсов се пласираше за учество на регионалните спортски игри кои треба да се оддржат кон крајот на април и почетокот на мај.
“Формулата за успех е во секојдневната игра“, вели Блаже, а после него со освоени 7 и 6,5 поени се Никола Ангелов и Димитар Леков.
Овие тројца шахисти се покажаа најдобри меѓу десетината кандидати кои се пријавија на турнирот.
“Огранокот Виница- Лески“ брои околу 1200 пензионери, а под покровителство на Здружението на пензионери . Овој турнир го организиравме со цел поквалитетно и поорганизирано да земеме учество на регионалните спортски игри “, истакна Методи Иванов, претседател на огранокот.
Шахот како алатка за оддржување на мозочната кондиција го практикуваат се поголем број пензионери кои се редовни посетители на клубот кој функционира во рамките на Здружението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.