Еден од финалистите на музичкото шоу „Икс-фактор“, Босанецот Маид Хеќимовиќ, во изминатите денови им помагаше на неговите сограѓани во одбраната од поплавите на родното Орашје. Тој вели дека се надева оти заштитата која ја направиле ќе ја спречи Сава да навлезе во градот.
-Ако влезе водата во градот, целосно ќе бидеме поплавени. Но, со натчовечки напори на моите сограѓани и на сите посавци успеавме досега да го сочуваме градот од поплавите. Ги зачувавме селата од двете страна долу кон Брчко, односно Шамац. Сега е проблем што попука насипот во село Копаница кај Брчко и водата ни доаѓа од другата страна. Денеска цел ден заедно со луѓето што дојдоа да помогнат од Тузла, Градача поставуваме вреќи со песок и градиме зајачки насипи, кои сега се долги неколку километри. Друг проблем ни се заканува од страната на Шамац бидејќи Босна веќе се излеа и водата влезе во неколку села кај Орашје, така што и таму ќе поставуваме вреќи со песок – вели Хеќимовиќ.
Тој додава дека сѐ уште е на терен и ќе продолжи да работи со своите сограѓани. Вели дека луѓето работат деноноќно.
– Јас веќе три дена сум на терен, ама не се жалам. Горд сум на своите сограѓани кои излегоа надвор и работат на одбрана на градот од поплавите. Не се надеваме дека ќе ги зачуваме куќите. Водостојот на Сава опадна за еден метар, и она што оди од Шамац кон нас, ако влезе во град, се надеваме дека би било најмногу до колена. Само во градот Орашје се наполнети над 150.000 вреќи со песок. Ние сме мал град, ама вложивме големи напори – вели Маид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





