| четврток, 6 декември 2018 |

Војниците на АРМ за еден ден евакуирале над 350 луѓе во Обреновац

arm obrenovac

Припадниците на АРМ што се ангажирани за давање помош во поплавените подрачја во Република Србија, во текот на вчерашниот ден со моторните возила што ги поседуваат извршија евакуација на повеќе од 350 лица од подрачјето на градот Обреновац и околните населени места.

Денес, персоналот на АРМ што е распореден во Обреновац ќе биде ангажиран на испумпување на водата во пониските точки на градот, со што ќе се создадат услови за побрзо отстранување на последиците од водената стихија која го зафати овој град и регионот околу него.

Инаку, агрегатите на АРМ се употребени за снабдување со електрична енергија на прифатниот центар во Обреновац, полициската станица и други објекти од витално значење во хуманитарната акција. Без оглед на исклучително тешките и сложени услови за работа, припадниците на АРМ оставруваат  одлична координација и соработка со надлежните органи во Република Србија, а задачите ги извршуваат беспрекорно и  професионално. Се очекува и во наредните денови ангажирањето на хуманитарниот контингент на АРМ да продолжи во склад со потребите на властите во Република Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top