| четврток, 6 декември 2018 |

Победнички финиш за Наполи, Пандев е магнет за трофеи (фото)

Наполи победнички ја заврши сезоната, во последното коло од Серија А, наполитанците ја декласираа Верона со 5-1 и го освоија третото место во Калчото, доволно за настап во квалификаците за Лигата на шампионите. Македонскиот ас Горан Пандев имаше нова убава епизода во една од најсилните фудбалски лиги на светот и пак освои трофеј.

pandev

Наполи е победник на италијанскиот куп, а популарниот Гоче го смести петтиот пехар во својата колекција, со што е вториот играч во Италија со најмногу куп-пехари, зад Роберто Манчини кој има шест.

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, ги почести сите играчи на Наполи со екслузивна вечера во прекрасната вила „Ди Анџело“ на која присуствуваше и нашиот Пандев.

dino

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top