| четврток, 6 декември 2018 |

Потресни приказни од Обреновац: Соседите ми се удавија пред очи

marijana-ilic500ytj56ui56u56

Уште една потресна приказна која ја донесоа поплавите во Србија. Српски „Курир“ ја пренесува тажната судбина на 21-годишната Маријана Илиќ од Обреновац, на која куќата, буквално, ѝ се урнала пред очи.

– Покривот му се урна врз глава. Нашата куќа е на еден кат и најмногу што можевме да направиме е да се качиме на покривот. Бевме осуммина и едвај нѐ спасија. Тука сум од петок и не знам каде се татко ми и брат ми, се надевам дека и тие некаде се евакуирани – вели девојката.

Таа додава дека морници ѝ поминуваат низ телото кога ќе се сети како нејзините соседи пред нејзини очи не успеале да се спасат и се удавиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top