
На Србија ѝ се заканува нова опасност, тврди метеорологот Игор Ковачиќ, пренесуваат медиумитте во таа земја.
Тој беше единствениот што прогнозираше дека доаѓаат снег и поплави на Балканот, а сега тврди дека доаѓа нова опасност. Kовачиќ вели дека со доаѓањето повисоки температури ќе дојде и нова опасност. Метеорологот сега тврди дека место за отпуштање нема бидејќи најавените повисоки температури од околу 30 степени ќе донесат нови опасности.
Кога големата количина снег во Босна ќе се стопи, ќе донесе ист или полош ефект од тој што сега го имаме.
– Мене практично ми паѓа в очи онаа голема количина снег на планините во Босна бидејќи со топењето кое пристигнува, а може да биде изразено и следната недела, сето тоа наеднаш ќе се стопи и ќе ги активира планинските потоци и реки, само се надевам без поголеми последици – вели Ковачиќ.
Во Србија се очекува дека на местата што беа погодени со големи поплави, по покачувањето на темепратурите ќе дојде до натпросечно испарување кое ќе влијае на појава на локални дождови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


