| четврток, 6 декември 2018 |

Драма и на истокот на Хрватска – Славонија под вода, 15 илјади евакуирани

hrvatska poplavi

Големите поплави предизвикаа голема драма и на истокот на Хрватска. Многу села во Славонија се под вода, а евакуирани се над 15.000 жители од таа област. Најголем проблем на спасувачките екипи е населението што не сака да ги напушти своите домови.

Водостојот на Сава и натаму е екстремно висок, бавно опаѓа и тешко е да се процени кога ќе се смири стихијата. Водата и натаму надоаѓа, а војската, полицијата и други служби за цивилна заштита со сите сили се обидуваат да се пренасочи кон Спачванска шума.

Евакуираните се сместуваат во блиски старачки домови, училишта и во месни заедници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top