Утрово за Србија, како што нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заминале 15 припадници на единицата за специјални едниници и седум членови на екипажот на хеликоптерската единица, а исто толкав број на припадници се веќе во БиХ. Таму, рече Јанкулоска, се испратени алпинистички и нуркачки тимови.
-По испраќањето на првиот контингент на помош во Босна и Херцеговина и Србија, Ребублика Македонија во текот на денов испрати и нов контингент на помош согласно декларираните потреби и практично во текот на денешниот ден во Србија испраќаме дополнителна количина на лекови испраќаме тимови на специјалните единици, а тоа се припадници на најелитните единици на МВР специјализирани за спасување, со целокупната опрема која им е потребна да можат да дејствуваат, нагласи таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи
-
Две години од поплавите во кои загинаа 22 лица: Никогаш да не ни се повтори!
-
Скандал: Тигрите на колена, 30 припадници на специјалната единица преместени во кучкара