| четврток, 6 декември 2018 |

Солистички настап на Дино Имери во Стразбур

Пијанистот Дино Имери во Стразбур премиерно го изведе „Концертот за пијано и оркестар од Дамир Имери“ каде гостуваше како солист со престижниот Стразбуршки филхармониски оркестар под диригентство на Клеменс Шулдт …Изведбата и делото беа примени со бројни овации и позитивни критики од публиката и јавноста. За пијанистот, француските медиуми изјавија дека тој е „Магионичар на пијаното кој конечно имавме можност да го слушнеме во Стразбур”.

– Огромна е честа која ми беше укажана да гостувам со еден од најквалитетните оркестри во Европа и диригентот Клеменс Шулдт, а особено ми значи овој настап поради тоа што имав ретка можност да го изведам делото од мојот татко Дамир Имери кое беше примено со овации и голем интерес како од музичарите од оркестарот, така и од публиката присутна на концертот, изјави Имери за своето прво гостување со овој оркестар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top