| четврток, 6 декември 2018 |

Пикасо доаѓа во Загреб

82

„Пикасо сигурно доаѓа“, најави градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, заменик министерот за култура Берислав Шипуш и директорката на Галеријата „Кловичеви двори“, Марина Вицулин.

Организаторите рекоа дека седејќи под потретот на љубовта на Пикасо, Дора Маар, кој е и највредно дело што ќе биде изложено, сакаат да ги демантираат гласините дека делата на Пикасо нема да се изложуваат во Загреб.

Целата изложба, која ќе биде отворена на 23 март, е осигурана на 670 милиони евра, а новитет е и податокот дека ова е првпат за било која патувачка изложба на Пикасо да се дозволи домашно осигурување.

Организацијата на изложбата која од Хонг Конг, ќе допатува во Париз, па оттаму во Загреб, ќе чини околу седум милиони куни.

Организаторите очекуваат 80 до 100 илјади посетители, а билетите би биле од неколку видови: поефтини за групни посети и деца, додека поскапите би била за возрасните и би чинеле 10 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top