Во Обреновац пронајдени се 12 безживотни тела, се стравува дека нивниот број е поголем, а едно лице починало од природна смрт, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.
Тој истакна дека власта планира да ја заштити јавноста од сензационализам и невистинити приказни.
– Ситуацијата е катастрофална, но има и невистините информации, како на пример, дека се урнати цели згради. Тоа не е точно, станува збор само за еднокатна куќа, посочи Вучиќ.
Влезот во Обреновац и понатаму е блокиран, а евакуацијата се уште трае. Полицијата ги пропушта само спасувачките екипи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


