| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко Јоксимовиќ сака да биде кум на Водици во Охрид

Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ изрази желба да биде кум на манифестацијата Водици што традиционално секоја година се одржува во Охрид по повод православниот празник Богојавление.

Јоксимовиќ планира својата кандидатура за кумството да ја достави до Здружението „Богојавление“, што е организатор на манифестацијата и веќе со години наназад спроведува активности за омасовување на големиот верско-народен собор по повод Богојавленските празници.

Охриѓани секоја година на спектакуларен начин го одбележуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици. Од година во година манифестацијата добива на масовност, привлекувајќи се поголем  број верници, како од градот, државата, така и во овој дел од православниот свет.

Јоксимовиќ беше дел од годинешното одбележување на празникот, со одржаниот концерт во салата „Билјанини извори“ во Охрид, како вовед во празничниот викенд што го наполни градот со десетици илјадници верници и туристи кои дојдоа тука да бидат дел од прославувањето на Водици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top