| четврток, 6 декември 2018 |

Започна масовната хуманитарна акција на плоштад Македонија

Хуманитарна акција за настраданите од поплавите во Србија и Босна, на плоштад Македонија веќе е во полн ек, а ќе трае до 17:00 часот.

Оваа фотографија беше објавена на групата на Фејсбук, а неа може да се види колку работи се собрани за неверојатно кратко време.

Се очекува акцијата да има масовен одзив и да се собере огромна помош за соседите во Србија и Босна и Херцеговина.

За полесна селекција на донациите, препорачливо е истите да се спакувани во картонски кутии со јасно назначена содржина на истите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top