| четврток, 6 декември 2018 |

Цело семејство се удави во автомобил во Босна

Повеќе од 20 мртви тела се извадени, изјави градоначалникот на Добој (Босна), а во долниот дел од градот каде воопшто не е направена евакуација, се претпоставува дека има многу повеќе мртви.

Видени се уште човечки трупови како пловат, но не се извадени од водата. Градоначалникот рече дека погребот ќе се плати од градскиот буџет.

На прашањето дали е точна информацијата дека во автомобил е пронајдено цело семејство мртво, тој изјави:

„Има и таков случај. Се плашиме дека има уште пртви во јужниот дел од градот и во Пјескови. Имаме уште автомобили и луѓе, тоа ќе го дознаеме вечерва или утре.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top