| четврток, 6 декември 2018 |

Донирајте: За поплавените подрачја најпотребни храна, облека и вода

Храна, средства за хигиена, нова облека и обувки, ќебиња, бебешка храна и вода за пиење се производите кои се најпотребни во поплавените подрачја на Србија и Босна и Херцеговина, информираат од Црвениот крст на Македонија.

За таа цел Црвениот крст на РМ отвори собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје кој е лоциран во магацинот на организацијата во Момин Поток. Помош може да се донира и во општинските организации на Црвениот крст на Македонија.

Преку повик на посебни телефонски броеви 075/070/077 143 400 може да се донираат по 100 денари, а парична помош може да се уплати и преку жиро сметка на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top