| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата на Владе Дивац нуди сместување на загрозените

Снежана Дивац, сопругата на популарниот српски кошаркар Владе Дивац, покажа дека има големо срце.

Покрај тоа што осум години успешно ја води хуманитарната фондација „Дивац“, чија цел е да допринесе развој во толерантен и солидарен живот во Србија, Снежана на загрозените лица им го понуди нејзиниот дом.

– Ако ви треба сместување, јас можам да примам четири лица – напиша Снежана Дивац на нејзиниот „Твитер“ профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top