Од касарна Илинден денеска во 10.00 часот со хеликоптер за Србија ќе замине една чета од Единицата за специјални задачи „Тигар” обучена за спасување и помош во кризни ситуации.
Македонија вчера и понуди на Србија транспортен хеликоптер МИ-17 опремен со екипаж со специјални единици кои го опслужуваат за да се помогне во насока на справување со поплавите, како и исппорачување електрична енергија.
Македонија одлучи да додели и дополнителни квоти разни лекови пред се антибиотици и антипиретици, а со поголем број приватни компании се договараат пратки на вода кои би биле испратени во Србија или пак во Босна и Херцеговина кои деновиве ги зафатија поплави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.