| четврток, 6 декември 2018 |

„Субару“ ја продолжува традицијата, со WRX STI до самиот врв

Јапонската автомобилска компанија „Субару“, која е докажана во производството на спортски автомобили, го лансираше моделот WRX STI

Успешната приказна почната со легендарниот модел „импреза“, спортското одделение на „Субару“ ја продолжува со ново купе со четири врати кое, покрај неговата примена во натпреварувачки трки, ќе добие шанса да се претстави и на патиштата низ светот.

Avto88-Subaru-WRX-STI-2

Новиот модел е дополнување на постојниот автомобил „субару импреза WRX“, но со значително подобрени возни перформанси кога се работи за возачите кои уживаат во зголемен адреналин. WRX STI се одликува со лесно управување и со одлична приспособливост на патот, како и сите спортски модели на „Субару“ од минатото. Специјалната каросерија, во склад со основните карактеристики за возење, управување и запирање, му овозможува на возачот вистинско уживање.

Avto88-Subaru-WRX-STI-3

Основна цел е соборување брзински рекорди во автоспортот и заради тоа, покрај силата на моторот, акцентот е ставен и на квалитетните сопирачки „брембо“.

Avto88-Subaru-WRX-STI-6

„Субару“ му го довери тестирањето на овој автомобил на четирикратниот шампион во ВРЦ, Финецот Томи Макинен, кој, пак, по тестирањето изјави:

– Со овој автомобил не можете да згрешите. „Субару“ овој пат направи неверојатна работа. Отиде многу подалеку во однос на претходниот модел, што е сјајно. Ова возило постојано ве предизвикува да возите побрзо и побрзо.

Во спортскиот модел WRX е вграден бензински турбомотор со четири цилиндри, со 2,5 литри, кој развива 305 коњски сили и има обртен момент од 393 њутн-метри.

Avto88-Subaru-WRX-STI-4Силата на моторот се пренесува само преку шестстепен мануелен менувач на сите четири тркала во однос 41:59 за подобар контакт со подлогата во различни услови на патот.

Моделот има традиционална сина боја со златни бандажи, но во продажба е пуштен и ограничен број возила со бисернопортокалова боја, која е одлично вкопонирана со црните детали на каросеријата и бандажите, што дава впечаток на врвен автомобил со спортски карактеристики.

Avto88-Subaru-WRX-STI-5Внатрешноста ја красат спортските седишта „рекаро“ со кожа „алкантара“.

Од „Субару“ истакнуваат дека моделот WRX STI е пријавен за трката „24 часа Нирбургринг“ во јуни и се очекува да го повтори успехот од 2012 година кога се закитија со првото место. За потребите на оваа трка „Субару“ вгради заден карбонски спојлер и 18-инчни тркала.

Моделот ќе се продава по цена од околу 200 илјади евра и на европскиот пазар треба да пристигне во втората половина на 2014 година, веднаш по трката на Нирбургринг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top