Триесетина полицајци се повредени во Белфаст во судирите меѓу младите пробритански лојалисти и ирските националисти заради одлуката од 3 декември на општинскиот совет на Белфаст да ја прекине традицијата британското знаме да се крева секој ден над зградата на советот. Запалени се десетина полициски џипови, а и железничкиот транспорт во градот беше запрен, откако мала експлозивна направа беше најдена во близина железничката линија.
Судирите почнаа при минувањето на демонстрантите, главно протестанти, преку католички реон на враќање од протестниот митинг во централен Белфаст, а полицијата се обидела да ги раздели двете групи младинци, кои се гаѓаа со цигли и шишиња.
Откако полицијата им го блокирала патот на стотина лојалисти патот кон Источен Белфаст, тие се упатија кон квартот Шорт Странд, традиционална арена за судири меѓу протестантите и католиците, каде почнале нередите со локалците. Откако националистите се распрснаа, полицијата ги сврти водените орудија кон лојалистите, кои полицајците ги одбија со метални шипки и откорнати тараби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


