| четврток, 6 декември 2018 |

Сава се излеа во Хрватска

mapataВо Бошњаци кај Жупанија реката Сава се излеа преку насипите, прогласена е општа опасност и во тек е евакуација на населението.

Во тој дел на Вуковареско-сремската жупанија уште синоќа е прогласена вонредна состојба. Поради континуиран раст на реката Сава кај Славонски Шамац и Сикиревац синоќа е прогласена вондредна состојба и на подрачјето на Бродско-посавската жупанија, каде помага армијата.

Нивото на Сава во подрачјето на Славонски брод расте по четири сантиметри на час.

Нивото на река Сава на територијата на Србија расте по три сантиметри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top