Вечното хрватско дерби меѓу Динамо и Хајдук на „Максимир“ во загреб е прекинато поради навредливо скандирање кон Здравко Мамиќ и хрватската фудбалска федерација (ХНС).
При резултат 1-0 за популарните „модри“, судијата Бебек по вторпат го прекина мечот во 84. минута, а дуелот потоа воопшто не заврши. Од трибините постојано се скандираше против првиот човек на Динамо, Здравко Мамиќ и против ХНС, милје што одамна е својствено за хрватскиот фудбал. Навивачите на загрепчани, Бед Блу Бојс се големи противници на начинот на работа на контроверзниот Мамиќ, а и овојпат состојбата ескалираше со навреливи слогани од трибините, па мечот на заврши.
Играчите на Динамо сепак ги примја медалите за освоената шампионска круна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


