| четврток, 6 декември 2018 |

Металург е првиот финалист во Купот на Македонија

metalurg-vardar-24Ракометарите на Металург во првото полуфинале од Купот на Македонија постигнаа победа над Зомимак со 31:25 (15:9) и изборија пласман во утрешното финале.

Ова беше очекуван исход особено што фаворитот и бранител на трофејот во Купот, Металург водеше во текот на целиот натпревар. Највисоката предност Металург ја имаше во финишот на дуелот 31:21, но екипата од Струмица успеа да го намали поразот.

Најефикасен на дуелот беше играчот на Зомимак Реваз Чантурија со 11 голови, додека кај Металург Ренато Вугринец постигна 6.

Во второто полуфинале кое почнува во 17:45 часот играат Вардар и Тинекс Пролет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top