Повеќе од 1,2 милион луѓе се загрозени од поплавите што ја зафатија Босна и Херцеговина. Шест тела се пронајдени во Добој, па вкупниот број на жртви од поплавите во БиХ изнесува 12 лица.
– На терен дејствуваат 12 хеликоптери, се евакуира населението, покрената е широка активност за барање на меѓународна помош и се очекува доаѓање на спасувачки единици, изјави помошник-министерот за заштита и спасување Самир Агиќ.
Тој истакна дека најтешка е ситуацијата во Посавина, во Шамац, во Орашје, а во Бијелина во тек е масовна евакуација откако попушти насипот на Батковиќ на Сава.
Насипот кај Височ на Сава е загрозен и водата продира меѓу вреќите, а на пет села им се заканува целсен потоп.
Нивото на Сава се искачи до врвовите на насипите, но опасност има и од Дрина.
Во меѓувреме Владата на Република Српска донесе одлука за прогласување на вонредна состојба бидејќи многу локални заедници и понатаму се во опасност од поплави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


