Како резултат од обилните врнежи на територијата на Србија започна пораст на нивото на реката Дунав во бугарскиот дел . Преземени се потребните активности и беше воведен прв степен од плановите за заштита на населението од поплава крај Видин и Лом .
Формирана е организација за изградба на привремени насипи на различни критични точки . Организирана е и потребната тешка техника доставени се дополнителни агрегати .
Седници одржаа Општинскиот и окружниот кризен штаб , на кои беа поставени мерките за нивото на реката од 850 до 930 см
Мерењата веќе се прават три пати на ден во 8.00 , 12.00 и 18.00 часа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



