Српското министерство за внатрешни работи, околу 13 часот побара итна евакуација на 7.000 луѓе од Барич, населба која се наоѓа во близина на Обреновац, јавува кризниот штаб во Србија.
Oд таму апелираат граѓаните да не се спротивставуваат на спасувачките тимови и да не ги одбиваат советите на полицијата и специјалците кои се задолжени за нивна евакуација.
Тие мора да бидат евакуирани најдоцна до 17 часот, кога се очекува големиот бран
Од Обреновац утрово само со хеликоптери биле евакуирани 480 жени и деца, и околу 50 стари лица некои од нив тешко болни кои веднаш биле однесени на дијализа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



