| четврток, 6 декември 2018 |

Руските спасувачки тимови евакуирале околу 400 луѓе од поплавени подрачја во Србија

poplave
Претставникот на Министерството за вонредни ситуации на Русија Александер Дробишевски изјави денеска дека руските спасувачки тимови кои се во Србија да помогнат на загорзени од поплавите, во Обреновац вчера евакуирале околу 400 луѓе од зоните на поплава.
– Од петокот наутро тие евакуираа 393 луѓе меѓу кои и 79 деца – изјави Дробишевски.

Во моментот во Обреновац активни се 76 руски спасувачи со 10 чамци и две специјални возила. Уште два авиона Илјушин-76 се подготвени во Србија да донесат дополнителен број спасувачи и опрема. На територијата на Србија досега се евакуирани 15.475 луѓе, соопшти МВР на Србија. Без електрична енергија се 13 општини со 88.615 домаќинства. Првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ им се заблагодари на државите и на Европската унија на досега дадената помош во борба
против катастрофата што ја погоди Србија. Дачиќ наведе дека Србија има потреба од помош во опрема, техника и луѓе специјализирани за спасување. Помош е побарана и од канцеларијата на ОН во Белград

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top