– Ситуацијата е под контрола, успеавме ноќеска да го спасиме Шабац од евентуално излевање на реката Сава – изјави денеска началникот на ГШ на армијата на Србија, генерал Љубиша Диковиќ.
– Кога почнавме не бев оптимист, имаше многу проблеми. Подоцна ситуацијата се поправи, се дојде на свое место. Ангажирани се повеќе од 6.000 граѓани и припадници на МВР и Армијата на Србија кои навистина макотрпно работеа. Со задоволство може да констратирам дека градот е спасен – изјави Диковиќ за РТС.
Заштитните насипи и понатаму се подигнуваат. Според него, веќе нема потреба од страв за поплавување на околните села
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.