| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска младите ќе се натпреваруваат во сообраќајно-техничка култура

soobrakajni-znaciВо ОУ Војдан Чернодрински во скопската населба Тафталиџе денеска ќе се одржат државните натпревари „Детски семафор 2014“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите“.

Двете традиционални сообраќајно-воспитни наптреварувања, организирани од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со министерствата за образование и наука, за внатрешни работи и за локална самоуправа, се дел од програмата за одбележување на акцијата Мај-месец на велосипедистите.

Државниот натпревар свечено ќе го прогласат за отворен министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Никола Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top