Без струја се 13 општини со околу 80.000 домаќинства во Србија. Поплавени се најмалку 1.600 објекти, а загрозени се најмалку уште 1.500, соопшти МВР на Србија.
Околу 4.000 луѓе досега се евакуирани од српскиот град Обреновац, изјави денеска началникот на Секторот за вонредни ситуации Предраг Мариќ кој се наоѓа во тој град. Тој вели дека не е можно да се предвиди кога ќе биде завршена евакуацијата бидејќи ситуацијата е исклучително тешка.
Утрово од училиште во градот се евакуираат околу 500 жени и деца и оти потребно е да се евакуираат итно уште најмалку 1.200.
Министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ повика приватните превозници да испратат автобуси за да може сите граѓани кои се пријавиле да помогнат, да се превезат до Шабац каде ситуацијата со поплавите е критична.
Кон Шабац вчера заминаа околу 10.000 луѓе кои сакаа да помогнат во спасувањето на градот од поплавите.
Републичкиот Фонд за здравствена заштита соопшти синоќа дека упатиле апел до сите производители на лекови поради вонредната состојба веднаш да испорачаат потребни количини во Клиничкиот центар од каде потоа ќе се дистрибуираат до населените места и загрозените.
Државното јавно обвинителство веќе истражува случаи на злоупотреба на вонредната ситуација во државата како што е зголемување на цената на водата и прехранбени продукти и порачува дека ќе реагира во сите случаи на извршување евентуални кривични дела, јави Танјуг
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)