| четврток, 6 декември 2018 |

Москва со два авиони и помага на Србија во борба против водената стихија

поплави

 Рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Пучков објави дека неговото министерство покренало хуманитарна операција од големи размери за помош на населението во поплавените региони на Србија.

– Нашите тимови веќе работат, рамо до рамо, со руско-српскиот хуманитарен центар во погодените региони и ги извршуваат задачите за заштита на животот и здравјето и за помош на населението – изјави Пучков.

Авиони на руското Министерство за вонредни ситуации ги донесоа спасувачките тимови од Русија опремени со се што е неопходно за операција за спасување, како и пратки хуманитарна помош која вклучува храна, дневни потреби и лекови.

Одговарајќи на барањето на Србија за помош за справување со поплавите, упатено вчера, руските власти уште истиот ден донесоа одлука „да му пружат помош на братскиот српски народ“, објави Амбасадата на Русија во Белград.

Преку ноќ биле подготвени два авиони од типот „ИЛ-76“ со кои се упатени спасувачки тимови од аеро-мобилната група „Центроспас“ и Центарот за извршување на спасувачки операции со посебен ризик „Лидер“, најсовремена спасувачка опрема, вклучувајќи и специјални костими за нуркање, подводна и специјална опрема и моторни чамци.

Со ваква опрема спремни се автономно да делуваат до 15 дена. Акциите од руска страна ги координира Едуард Чижиков заменикот на рускиот министер за вонредни ситуации. Веднаш по пристигнувањето руските спасувачи се вклучиле во спасувачките операции во Обреновац, општината која целосно ќе мора да биде евакуирана заради катастрофалните поплави.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top