Во првото полуфинале од Евролигата во драматичен финиш Макаби Тел Авив ставеше со минимална победа од 68-67 против рускиот гигант ЦСКА Москва.
Московјани водеа во текот на целиот натпревар, а во еден период од натпреварот при крај на третиот период и со високи 15 поени разлика. Кога сите веќе ја видоа ЦСКА во големото финале во недела, преводникот на клупата на Макаби Дејвид Блат со последни совети до своите избраници успеа да ги мотивира и со одбрана по целиот терен да ја намали предноста на достижни 11 поени до крајот на третиот период. Во последната четвртина израелците успеаја да постигнат неколку тројки од тешки позиции и да дојдат до поднсоливи четири поени негатива. Во последните 16 секунди Макаби успеа да постигне уште една тројка на истекот на нападот. ЦСКА требаше да ја држи топката до крајот на натпреварот без да треба да реализира бидејќи имаше еден поен предност на 13 секудни. Но тогаш искусниот Виктор Хријапа ја испушти топката од раце тоа го искористи акериканецот со црногорски пасош Тајрис Рис и лесно реализираше на шест секунди до крајот за еден поен предност на својот тим.
Во преостанатите шест секунди Сони Вимс имаше чист шут од тројка за победа, но не беше прецизен.
Ова беше прва победа на Дејвид Блат над тренерот на ЦСКА Еторе Месина по девет одиграни меѓусебни натпревари.
Кај Макаби најефикасни беа Блу со 15, Рајс со 13 и Рики Хикмен со 10 коша. Во составот на ЦСКА се истакна Саша Каун со 14 поени и Милош Теодосиќ кој додаде 12.
Во второто полуфинале се среќаваат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



