Владата на Република Македонија во рамки на своите можности ќе им помогне на Србија и Босна и Херцеговина, по страшното невреме кое нанесе огромни материјални штети.
Ова го истакна портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, кој гостуваше во дневникот на „Сител“.
– Денес од страна на Европската цивилна заштита добивме информации дека од нив било побарано помош од страна на Србија и Босна. Владата заседаваше, ги разгледавме можностите, направивме анализи. Понудивме помош до Европската цивилна заштита. 75 лица ќе отидат во Србија и Босна, меѓу нив специјалци од МВР и од министерството за одбрана, ќе испратиме 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, чамци, кебиња, лекови и медицински персонал – истакна Ѓорѓиев.
Заседаваше владиното координативно тело за превенција од природни непогоди, каде и беше разгледувана можноста да се помогне на земјите зафатени од силното невреме. Ова е првичната помош.
Во Македонија состојбата засега е стабилна. Нивото на Пчиња е над дозволеното, но во Македонија нема опасност од големи поплави. Надлежните будно ја следат сосотојбата.
-Сепак, мора да бидеме внимателни, ги следиме состојбите. Сите водостои се стабилни. Освен Пчиња каде за еден ипол пат е зголемен протокот. Првично интервентно е реагирано, локалните служби имаат приоритет со помош на Влада, интервентно на Пчиња да се расчистат сите критични точки, тесни грла. На соодветен начин ќе се дејствува и кај Вардар, Треска, Лепенец, за да не се дозволи да се случи подраматична состојба – рече Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)



