
В недела, 18 мај (20 часот), во Македонската опера и балет, во рамките на 42. „Мајски оперски вечери“, ќе биде изведена претставата „Дон Џовани” од В.А.Моцарт.
Во „Дон Џовани“ настапува интернационална солистичка екипа од која сите солисти работат во Италија, татковината на операта.
Настапуваат: Хавиер Ландете (Шпанија), Алесио Потестио (Италија), Кацухиро Котецу (Јапонија), Анџела Низи, Благој Нацоски, Џесика Роуз Камбио (САД), Џулија де Блазис (Италија), Итало Проферише (Италија).
Диригент: Џузепе Сабатини (Италија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


