| четврток, 6 декември 2018 |

„ЕВН Снабдување“ ќе понуди евтина тарифа за малите деловни корисници

  бербер

„ЕВН Снабдување“ за малите бизнис корисници кои ќе излезат на слободниот пазар подготвува ценовни продукти со многу поволности. Ако досега на регулираниот пазар за групата на мали бизнис корисници за кои се применуваше Вториот тарифен степен низок напон, односно се применуваше единствена висока цена во текот на целиот ден, на слободниот пазар се создадени услови на овие компании да им се понуди и евтина тарифа на електрична енергија.

– „ЕВН Снабдување“ ваквата можност ја темели на  добиените резултати од извршените анализи за развојот на слободниот пазар на електрична енергија за малите деловни потрошувачи кои ќе одлучат да излезат на слободен пазар од 01.01.2015 година. Ова значи дека, покрај очекуваното намалување на цената на електричната енергија, „ЕВН Снабдување“ меѓу останатите, ќе понуди и ценовен продукт којшто ќе вклучува и ниска (евтина) тарифа за оваа група потрошувачи – вели Нико Бербер, менаџер на „ЕВН Снабдување“.

Оваа новина е дел од заложбите на „ЕВН Снабдување“ да излезе во пресрет на специфичните барања на сите групи потрошувачи, тргнувајќи од опциите што ги нуди слободниот пазар на електрична енергија. Тимовите на „ЕВН Снабдување“ веќе работат на развој на специјални понуди кои на малите и на средните компании ќе им овозможи снабдување со електрична енергија по најдобри услови.

„ЕВН Снабдување“ е лидер на слободниот пазар на електрична енергија во Македонија. Компанијата располага со стручен тим, кој овозможува навремена и стручна услуга, како и експертиза што на компаниите им обезбедува стабилен развој на нивните бизниси. ЕВН на македонскиот енергетски пазар има формирано и две балансни групи, една на слободниот и една на регулираниот пазар, што на компаниите им овозможува дополнителна стабилност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top