| четврток, 6 декември 2018 |

Пропаѓаат и поголеми партии

По­ли­тич­ки­те пар­тии жи­ве­ат онол­ку дол­го кол­ку што е жи­ва иде­о­ло­ги­ја­та или до­де­ка не ги ис­пол­нат це­ли­те око­лу кои се обе­ди­нила јав­но­ста. Та­ка исто­ри­ја­та на по­ли­тич­ки­те пар­тии поз­на­ва пар­тии кои згас­на­ле и по по­ло­ви­на век су­ве­ре­но вла­де­е­ње со др­жа­ва. Примерите од Европа најмногу се однесуваат на партиите кои ги воделе државите во транзицискиот период, а падот се должи на коруптивни афери и матни зделки

Про­па­ѓа­ње­то е дел од жи­во­тот на по­ли­тич­ки­те пар­тии. Отка­ко ќе се ис­цр­пи иде­о­ло­ги­ја­та или про­гра­ма­та на по­ли­тич­ка­та пар­ти­ја, до­кол­ку не пре­тр­пи се­ри­оз­ни ре­фор­ми кон но­ви це­ли, про­па­ста е не­из­беж­на. Под про­паст не се по­драз­би­ра са­мо згас­ну­ва­ње на пар­ти­ја, ту­ку и пар­ти­ја чи­ја акту­ел­на моќ не е спо­ред­ли­ва со не­ко­гаш­на­та. Ако во европската историја најпознати се примерите од Шпанија и од Италија, тоа што се однесува на поблиското минато се губењето на моќта на партиите од Грција, Бугарија или Полска. Тоа што е заедничко за губењето на довербата кај народот се матните зделки и коруптивните афери поврзани со врвот на партиите во транзицискиот период.

Онака како што периодот на доминантно владеење на СДСМ со Македонија се поврзува со сомнителни дејствија и афери при транзицијата, зголемена невработеност и економско слабеење на државата. Тоа пак што се наметнува како втор заеднички момент е дека поголемиот дел од тие партии, како и СДСМ се наследнички на партиите од комунистичко-социјалистичкиот режим.

 

Politika88-2-2

ПА­СОК – Гр­ци­ја

Politika88-2-3Најб­ли­зок при­мер за про­паст на по­ли­тич­ка пар­ти­ја е грч­ко­то Пан­хе­лен­ско-со­ци­ја­ли­стич­ко дви­же­ње, поз­на­та ка­ко ПА­СОК. Не­ко­гаш­на­та глав­на ле­во­цен­три­стич­ка пар­ти­ја, ко­ја до­ми­ни­ра­ше во Гр­ци­ја, од 300 ме­ста во Пар­ла­мен­тот се­га се др­жи на 27 пра­те­ни­ци. Истра­жу­ва­ња­та, пак, на јав­но­то мис­ле­ње на по­че­то­кот на го­ди­на­ва по­ка­жу­ва­ат де­ка ПА­СОК не­ма под­др­шка ни­ту кај 3 про­цен­ти од на­се­ле­ни­е­то, со ко­мен­тар де­ка е на ра­бот на ег­зи­стен­ци­ја.

Се ра­бо­ти за пар­ти­ја ко­ја во 80-ти­те и во 90-ти­те го­ди­ни ја тре­се­ше по­ли­тич­ка­та сце­на во Гр­ци­ја. При­тоа, од 1981 го­ди­на, ко­га прв­пат ја осво­ју­ва вла­ста, со 173 ме­ста во Пар­ла­мен­тот, ја фор­ми­ра пр­ва­та со­ци­ја­ли­стич­ка вла­да во грч­ка­та исто­ри­ја. Ка­ко до­бар пре­го­ва­рач, ос­но­ва­чот Ан­дре­ас Па­пан­дреу, ус­пе­ва да из­дејс­тву­ва го­ле­ми при­до­би­вки од НА­ТО и од ЕУ со за­ка­ни за на­пу­шта­ње на ор­га­ни­за­ци­и­те. За по­тсе­ту­ва­ње, во 1985 го­ди­на тој му се за­ка­ну­ва на Жак Де­лор со ве­то за при­ем на Шпа­ни­ја и на Пор­ту­га­ли­ја во ЕУ до­кол­ку Гр­ци­ја не до­бие по­го­ле­ма фи­нан­си­ска по­мош. Таа го­ди­на по­втор­но осво­ју­ва мно­зинс­тво во Пар­ла­мен­тот. Пар­ти­ја­та се на­мет­ну­ва кај јав­но­ста, ужи­ва под­др­шка од над 40 про­цен­ти, со што ре­чи­си две де­це­нии е на власт. Ко­га пар­ти­ја­та поч­на да ја гу­би под­др­шка­та од ни­ска­та и од сред­на­та кла­са, по Ко­стас Си­ми­тис пар­ти­ја­та ја пре­зе­ма си­нот на пр­ви­от пре­тсе­да­тел, Јор­гос Па­пан­дреу. Се­пак, ни­ту тој не ус­пе­ва да го сме­ни мис­ле­ње­то де­ка пар­ти­ја­та е мр­зе­ли­ва, ко­рум­пи­ра­на и ги на­пу­шти­ла про­гре­сив­ни­те прин­ци­пи на еко­но­ми­ја­та врз кои би­ла зас­но­ва­на.

Politika88-2-5Во 2009 го­ди­на ПА­СОК ус­пе­ва да зе­ме 152 ме­ста, но по са­мо две го­ди­ни истра­жу­ва­ња­та на јав­но­то мис­ле­ње по­ка­жу­ва­ат де­ка ду­ри 92 про­цен­ти од јав­но­ста се раз­о­ча­ра­ни од ПА­СОК. Од 2012 го­ди­на пар­ти­ја­та ја во­ди Еван­ге­лос Ве­ни­зе­лос, но сло­бод­ни­от пад на ПА­СОК не за­пи­ра.

 

 

СДС – Бу­га­ри­ја

Со­јуз на де­мо­крат­ски си­ли (СДС) е пр­ва­та по­ли­тич­ка пар­тиjа во Бу­га­ри­ја од 1989 го­ди­на со дес­на ори­ен­та­ци­ја. Ги поч­на ре­фор­ми­те по па­дот на ко­му­ни­стич­ки­от ре­жим, а ка­ко нај­го­ле­ми ре­пре­зен­ти се пре­тсе­да­те­ли­те на Бу­га­ри­ја, Жељу Желев и Петар Стојaнов. Пар­ти­ја­та пре­тсе­да­телс­тву­ва­ше со др­жа­ва­та од 1990 до 2001 го­ди­на.

Пар­ти­ја­та бе­ше со­ста­ве­на ка­ко ко­а­ли­ци­ја од по­ве­ќе пар­тии. Др­жа­ва­та на по­че­то­кот на из­ле­зот од со­ци­ја­лиз­мот по­ми­на низ мно­гу пре­мреж­ја и сме­ни. Од 1990 до 1994 го­ди­на се одр­жаа че­ти­ри сме­ни на вла­ста, за ко­неч­но во 1996 го­ди­на СДС да освои мно­зинс­тво од 55 про­цен­ти од гла­со­ви­те. Пар­ти­ски­от ли­дер Иван Ко­стов на­пра­ви не­кол­ку клуч­ни еко­ном­ски ре­фор­ми, со што во 1999 го­ди­на до­би по­ка­на за пре­го­во­ри со ЕУ. Но, ре­фор­ми­те го чи­неа не­за­до­волс­тво кај јав­но­ста за­ра­ди по­раст на не­вра­бо­те­но­ста, но и об­ви­ну­ва­ња за ко­руп­ци­ја, со што на из­бо­ри СДС за­гу­би од На­ци­о­нал­но­то дви­же­ње за Си­ме­он Вто­ри.

По по­ра­зот на из­бо­ри­те во 2001 го­ди­на, СДС се по­де­ли на три де­ла – Сојуз на демократски сили со ли­дер Надежда Михаjлова, до­то­гаш­ни­от пре­ми­ер Иван Костов ја фор­ми­ра пар­ти­ја­та Движење за силна Бугарија, а вли­ја­тел­ни­от по­ра­не­шен гра­до­на­чал­ник на Софија, Стефан Софијански – Сојуз на слободни демократи. Де­нес пре­тсе­да­тел на СДС е Емил Кабаиванов. На из­бо­ри­те во 2013 го­ди­на СДС не освои ни­ту ед­но ме­сто во на­ци­о­нал­ни­от пар­ла­мент.

 

Politika88-2-4

Петар Стојанов – СДС (лево) и Александер Квашњевски – ДЕ­МОК­РАТ­СКА­ТА ЛЕ­ВА АЛИ­ЈАН­СА

 

ДЕ­МОК­РАТ­СКА­ТА ЛЕ­ВА АЛИ­ЈАН­СА – Пол­ска

Де­мо­крат­ска­та ле­ва али­јан­са е со­ци­јал­де­мо­крат­ска по­ли­тич­ка пар­ти­ја во Пол­ска, ко­ја во 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век се фор­ми­ра ка­ко ко­а­ли­ци­ја на ле­во­о­ри­ен­ти­ра­ни и пар­тии од цен­та­рот. Всуш­ност, ка­ко пар­ти­ја се вос­по­ста­ву­ва ду­ри во 1999 го­ди­на. Мно­гу од чел­ни­те лу­ѓе во пар­ти­ја­та, од­нос­но од пар­ти­и­те во ко­а­ли­ци­ја­та, по­тек­ну­ва­ат од Со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те на Ре­пуб­ли­ка Пол­ска и Пол­ска со­ци­јал­де­мо­крат­ска уни­ја, две­те пар­тии нас­лед­нич­ки на Пар­ти­ја­та на пол­ски­те обе­ди­не­ти ра­бот­ни­ци. Таа ко­а­ли­ци­ја ус­пе­ва да прив­ле­че гла­со­ви од про­за­пад­но ори­ен­ти­ра­ни­те, ду­ри и од на­ци­о­на­ли­стич­ки­те дви­же­ња во Пол­ска. Се­пак, глав­на­та под­др­шка ја има од сред­на­та ра­бот­нич­ка кла­са, пен­зи­о­ни­ра­ни­те и по­ра­неш­ни­те под­др­жу­ва­чи на вла­ста. Ја­дро­то на ко­а­ли­ци­ја­та не ги при­фа­ќа­ше кон­цеп­ти­те на лу­стра­ци­ја и рас­чи­сту­ва­ње со ко­му­ни­стич­ко­то ми­на­то, ги кри­ти­ку­ва­ше еко­ном­ски­те ре­фор­ми, да­ва­ше под­др­шка на си­стем со сил­на уло­га на пре­тсе­да­тел и со те­шки кри­ти­ки кон дес­но­о­ри­ен­ти­ра­ни­те пар­тии. Во тој пер­и­од од 1993 до 1997 го­ди­на со Пол­ска упра­ву­ва за­ед­но со Пол­ска­та на­род­на пар­ти­ја, со осво­е­ни 171 ме­сто во Пар­ла­мен­тот. На из­бо­ри­те во 1997 го­ди­на пар­ти­ја­та осво­ју­ва по­ве­ќе од 27 про­цен­ти од гла­со­ви­те. Нај­го­ле­ми­от ус­пех го има по фор­ми­ра­ње­то ка­ко ед­на пар­ти­ја во 1999 го­ди­на. На из­бо­ри­те во 2001 осво­ју­ва 41 про­цент од гла­со­ви­те и 216 од 460 ме­ста во Пар­ла­мен­тот, но и 75 од 100 ме­ста во Се­на­тот. Но, од 2004 го­ди­на под­др­шка­та опа­ѓа од 30 на 10 про­цен­ти отка­ко не­кол­ку­ми­на ви­со­ко­ран­ги­ра­ни чле­но­ви на пар­ти­ја­та беа вме­ша­ни во скан­да­ли. Тука станува збор за аферата „Ривингејт“, која е тешка преку 17,5 милиони долари и е поврзана со поткупување од медиумите за измена на законот со кој се регулираат медиумските релации. Следува афера која ја засенува првата, а се однесува на приватизацијата на најголемиот нафтен гигант „Орлен“. Во врска со „Ривингејт“, еден од основачите на партијата и претседател на Полска во два мандата од 1995 до 2005 година, Александер Квашњевски, одби да одговара пред ад-хок парламентарната комисија. Тоа пре­диз­ви­ка чле­но­ви на пар­ти­ја­та да се од­во­јат и да фор­ми­ра­ат свои пар­тии, ка­ко Со­ци­јал­де­мо­крат­ска пар­ти­ја на Пол­ска. На из­бо­ри­те во 2005 го­ди­на Али­јан­са­та до­жи­веа го­лем по­раз осво­ју­вај­ќи са­мо че­твр­ти­на од гла­со­ви­те и ме­ста­та во Пар­ла­мен­тот од прет­ход­ни­те из­бо­ри. Исто­вре­ме­но ги гу­би и ме­ста­та во Се­на­тот.  От­то­гаш, со Пол­ска вла­де­ат дес­но­о­ри­ен­ти­ра­ни и цен­три­стич­ки пар­тии. Ко­му­ни­стич­ки­от нас­лед­ник ве­ќе не е ме­ѓу три­те нај­го­ле­ми во др­жа­ва­та. Вто­ра ка­ра­кте­ри­сти­ка од то­гаш е што на по­ли­тич­ка­та сце­на ги не­ма нас­лед­ни­ци­те на дес­но­о­ри­ен­ти­ра­ни­те Со­ли­дар­ност и на ле­во­о­ри­ен­ти­ра­ни­те ко­му­ни­сти.

 

(Текст објавен во 88. број на неделникот „Република“, 9.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top