| четврток, 6 декември 2018 |

Три нови инфузиомати за Детската клиника од Царинската управа

клиника
Клиниката за детски болести ќе добие донација од Царинската управа во вредност од 175.815 денари. Донацијата се состои од три инфузиомати кои се потребни за работата на Клиниката.

Ќе биде наменета за Одделот за онкологија и за хематологија.

Од Клиниката посочуваат дека оваа опрема ќе помогне да се обнови апаратурата на Клиниката за децата да ја добијат најдобрата медицинска нега. Договорот за донацијата меѓу двете институции е потпишан денеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top