Во речиси исто време, уредниците на два влијателни светски медиуми како француски „Монд“ и американски „Њујорк Тајмс“ беа заменети од Управата на весниците. Ваквиот чекор не предизвика никаква реакција од страна на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, која често знае да излезе со реакција или осуда доколку станува збор за случај во нашата земја или земјите од регионот. Џил Абрамсон, првата жена-главен уредник на најтиражниот американски дневен весник „Њујорк тајмс“, деновиве беше неочекувано отпуштена од издавачот Артур Шулцбергер.
Веста за отпуштањето на Абрамсон предизвика бура од шпекулации во американските медиуми. Списанието „Њујоркер“ веднаш објави дека причината за смената на Абрамсон е тоа што таа дознала оти нејзиниот претходник на оваа позиција, Бил Kелер, имал далеку поголема плата и пензиски надомест.
Нов главен уредник на весникот е Дин Бакет, кој е првиот Афроамериканец на оваа позиција. Нетрпеливоста на Абрамсон и Бакет, кој повеќепати удирал по ѕидовите на канцеларијата и гневен ги напуштал состаноците со главната уредничка, беше наведена како уште една можна причина за смената на Абрамсон.
Слична судбина деновиве ја снајде и уредничката на францускиот весник „Монд“, Натали Нугеред која заедно со уште неколку главни уредници по неколку месеци несогласувања со раководството на весникот за реорганизација на редакцијата беа заменети од Управата.
Несогласувањата биле околу нејзиниот план за редизајнирање на весникот и електронските апликации, по што планирала над 50 вработени од печатеното да префрли на електронското издание.
Во двата случаи е интересно тоа што ОБСЕ, односно нивниот претставник за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ не се јави со никаква реакција за отпуштањето на главниот уредник на „Њујорк Тајмс“, ниту пак за смените во еден од највлијателните француски весници „Монд“ – објави Курир.
Од сето ова произлегува дека отпуштањата и смените на главните уредници и новинарите во влијателните светски весници е нормална работа, а кај нас при вакви или слични случаеви опозицијата ги злоупотребува настаните за дневно политички цели, а претставничката на ОБСЕ не ретко излегува со критики и осуда за истите, што не е случај со последните случувања во „Монд“ и „Њујорк тајмс“.
„Сан“ и „Тајмс“ прашуваат: Која е таа Дуња Мијатовиќ?
Весникот „Дневник“ неодамна анализираше дека британските „Сан“ и „Тајмс“воопшто не слушнале, ниту се заинтересирани за изјавите и функцијата на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите. Во изјава за „Дневник“ оттаму искоментираа дека им значи поддршката од медиумите во светот против одлуката на Kамерон да ја контролира нивната работа, но, за жал, немаат поим која е конкретната госпоѓа, која за „репресираните“ македонски новинари е икона.
„Прв пат слушаме за таа личност!“ Ваков одговор даде портпаролот на британската медиумска групација чија сопственост се весниците „Сан“ и „Тајмс“ на прашањето на „Дневник“ адресирано до неколку влијателни весници: „Дали ја знаат или некогаш слушнале за Дуња Мијатовиќ?“.
И додека во Велика Британија е непозната личност, а воопшто не излегува ни со изјави како во сегашните случаи со „Монд“ и „Њујорк Тајмс“, македонската јавност има можност во последно време, зачестено да ги слуша нејзините критики за „цензура во македонските медиуми“. За разлика од апелот до британските власти, кој е умерен и без значителни критики, пораките што неколкупати се испратени до властите во Македонија се дијаметрално спротивни.
Извор: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст