Под мотото „Различноста е во мода“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) почна кампања за унапредување на меѓукултурното разбирање во мултиетничките општини.
Кампањата ќе се спроведува во општините Тетово, Гостивар, Кичево, Брвеница, Јегуновце и Врапчиште. Меѓу другото, во рамки на кампањата е планирано да се направат т.н. зони за меѓукултурно разбирање во училиштата, кафулињата, јавните објекти и локалните институции. Преку поставување на посебна лепенка „Ова е зона на меѓукултурно разбирање“ и постери „Различноста е во мода“ се означува мултикултурниот карактер на соодветниот објект и се промовира почитувањето на етничката, културната и на религиозната различност.
Во секоја од општините ќе се организираат многубројни културно-спортски активности преку кои ќе се промовира богатата културна традиција на овие простори и прифаќањето на разликите како предност и богатство на едно општество.
Реализацијата на кампањата е поддржана одбританската амбасада во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања