– Состојбата на реката Пчиња се следи, на секои два часа добиваме информација од УХМР и доколку треба, ќе се преземат дополнителни мерки. Во оваа фаза одиме со превентивни мерки на чистење на тесните грла, гранки околу мостовите – рече тој.
Со оглед на тоа што во наредните денови се очекува водите кои доаѓаат од соседна Србија дополнително да го зголемат нивото на реката Пчиња, Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со општините, денеска ќе преземе превентивни мерки.
-Донесен е и заклучок да не се испуштаат дополнителни води од акумулациите во наредните два дена, бидејќи во согласност со информациите од УХМР денес и утре се очекуваат врнежи, пред сѐ, во северозападниот дел од земјата, кои нема да бидат со голем интензитет – рече Јанакиески, кој доаде дека од недела па сѐ до крајот на месецов ќе преовладува сончево време со мали локални врнежи.
Јанакиески нагласи дека не треба да се испуштаат води, пред сѐ, во акумулацијата „Калиманци“ и хидросистемот „Злетовица“.
Тој апелираше до општините Куманово, Старо Нагоричане и Петровец да ги ангажираат сите свои сили, а секако и останатите општини будно да ја следат ситуацијата во Р. Македонија.
Водостојот на сите реки и акумулаци, нагласи Јанакиески, е под нивото некаде и дупло пониско, освен на реката Пчиња, потенцирајќи дека нема никаква опасност од поголемо излевање реки или акумулации.
Ситуацијата во источниот дел од земјата, како што нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, е стабилизирана и нема одредени оштетување на земјоделските култури, освен што поради влажноста на почвата ќе касни пролетната сеидба на житариците.
– Во изминатите дестина дена од последните поплави, пред сѐ, во источниот дел од Македонија, а осбено во атарот на општината Чешиново-Облешево, дојде до исцедување на водата и до нејзино повлекување во речното корито на Злетовска Река – рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.