– Србија наредните денови ја очекува сериозна драма со реката Сава – предупреди денеска српскиот министер за рударство и за енергетика Александар Антиќ, потсетувајќи дека во поплавите се регионален проблем.
– Мораме сега да ја браниме Србија од Сава – изјави тој и додаде дека процената е дека меѓу осум илјади и десет илјади лица ќе мораат активно да учестуваа во поставување заштитни насипи.
Нагласувајќи дека по тој повод вчера во Шабац се одржани повеќе состаноци, Антиќ изјави дека историскиот максимум на Сава кај Шабац бил околу 590 сантиметри, а процените се дека за викендот ќе биде 650.
Антиќ додаде дека поплавите имаат размер на катаклизма, која не е забележана во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.