Првото авионско прскање против комарци годинава ќе се изврши в недела и в понеделник во утринските часови од 5.30 до 8 часот, соопштија од Град Скопје.
Прскањето од земја ќе се одвива од 19 до 23 мај 2014 година во периодот од 23 навечер до 4 часот наутро.
Од Град Скопје информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, и тоа во истиот термин. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.