| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов до Николиќ: Македонија е подготвена и го чека вашиот повик

nikolic-ivanov1

Претседателот на Репубика Македонија, Ѓорге Иванов, вчеравечер телефонски разговараше со српскиот претседател Томислав Николиќ, при што изрази жалење за загубените животи и за настраданите во невремето и поплавите што ја зафатија Србија.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, порача дека Република Македонија е подготвена да понуди помош и да ги стави на располагање своите расположливи ресурси со цел справување со последиците од невремето.

Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно засилување на регионалната соработка и координирана акција во справувањето со природните несреќи и катастрофи, кои се во сѐ поголем пораст, а со цел нивна превенција и ублажување на последиците, се вели во соопштението од кабинетот на македонскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top