| четврток, 6 декември 2018 |

Во сообраќајна несреќа повреден директорот на Агенцијата за разузнавање

nake culev

Тешка сообраќајна несреќа вечерва преживеал директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чуле, јавува Либертас повикувајќи се на неофицијални извори во Агенцијата.
Според порталот, во службениот автомобил на Чулев, кој се враќал од службен пат од Бугарија  удрило возило, марка БМВ со бугарски регистарски таблички.

За среќа, Чулев поминал со помали повреди на градниот кош, а неговиот возач има скршена нога. Во автомобилот бил и раководителот на Одделот за аналитика, кој имал помали повреди на главата.

Од МВР за „Либертас“ не ја потврдиле информацијата бидејќи, како што им одговорила полицијата,  секторот за односи со јавноста на полицијата не добива информации за сообраќајки во кои нема човечки жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top