| четврток, 6 декември 2018 |

Литванија забрани продажба на енергетски пијалоци на малолетници

energy-drinks

Литванија реши да ја забрани продажбата на енергетски пијалоци на малолетници со што направи преседан во Европската унија (ЕУ). Оваа забрана е од здравствени причини.

Забраната треба да стапи на сила во ноември, а за неа гласале 88 од 96 присутни пратеници во Собранието на Литванија. Осум беа воздржани.

Министерството за здравство на таа земја објави дека оваа забрана претставува преседан во ЕУ, пренесува АФП.

Забраната може негативно да се одрази на производството на газирани пијалоци во оваа држава која има три милиони жители и која од 2004 година е членка на ЕУ.

Конзумирањето енергетски пијалоци може да доведе до зависност и хиперактивност поради големата количини кофеин во нив, соопштија од министерството за здравство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top