Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, по нивната денешна средба во Брисел во која неодамнешните избори во земјата беа главна тема, испратија заедничка порака до сите политички чинители кај нас дека ЕУ-агендата е најважна и oти сите треба да и се посветат.
Иванов од челникот на Советот побара хрватско-словечеки модел за Македонија во однос на паралелно решавање на билатералниот спор и напредување во евроинтеграциите, додека Ван Ромпуј побара да се земе српско-косовскио договор како пример за надминување на наметнатиот спор со Грција.
– Посетата на Брисел беше во функција да се укаже на јасната определба на ЕУ-иднината на Македонија. Таа јасна порака беше укажана на средбите, а моите соговорници пријавија интерес за актуелните случувања во нашата земја. Тие упатија јасна порака до сите политички чинители во нашата земја сериозно да пријдат на целиот процес на евроинтеграции и да покажат одговорност во овој процес, бидејки евроинтеграциите се одговорност на сите политички чинители во секоја земја, истакна Иванов во изјава за МИА по средбата, која поради смртта ан екс-белгискиот премеир Жан-Лук Дехен, остана без заедничка прес-конференција на претседателите.
Во своето пишано соопштение лиферувано по средбата, Ван Ромпуј посочи дека денеска во Брисел го пречекал македонскиот претседател и му честитал на неговиот реизбор. Тој вели дека двајцата дискутирале за неодамнешните избори и за пост-изборната ситуација во земјата и се согласиле дека дијалогот и соработката треба да се негува кај сите политички партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани