| четврток, 6 декември 2018 |

Поради смрт на поранешен белгиски премиер, откажана прес-конфренцијата на Иванов и Ван Ромпуј

иванов и ромпуј

Прес-конференцијата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и на првиот човек на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, закажана по нивната средба во зградата „Жустус Липсиус“, е откажана поради смртта на поранешниот прмеиер на Белгија, Жан-Лук Дехен, кој е од Христијанско-демократската партија чиј член е и Ван Ромпуј.

Откако заврши нивната 30-минутна средба, двајца претседатели се поздравија на излезот од зградата, а Иванов за неполн час најави изјава за медиумите во Мисијата на Република Македонија при Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top