| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионерите и годинава на бања

Пензионерите и годинава, четврта по ред, ќе имаат можност за бесплатна бањско-климатска рекреација.

Право да аплицираат имаат сите пензионери, но предност им се дава на оние со најмали примања, велат од Министерството за труд и социјална политика. Пензионерите кои веќе ја користеле оваа услуга немаа право на повторн аплицирање. Бесплатно на бања може да одат сите корисници на пензија- старосна, инвалидска или семејна пензија. Бањско – климатската рекреација вклучува бесплатен неколкудневен престој во некои од бањите во државата, бањска терапија и покривање трошоците за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење до бањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top