| четврток, 6 декември 2018 |

Матурантите да не возат на матурска вечер, апелира РСБСП

ма
Матурант зад волан на матурската вечер е незаконска постапка, предупредува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во пресрет на матурските прослави.
Под слогант „Не си фраер ако загинеш на матура“, РСБСП од денеска до крајот на месецов ќе ја спроведе традиционалната кампања за поголема безбедност во сообраќајот на матурантите во тек на прославите. Ќе бидат со поделени над 50.000 флаери со едукативна содржина, а преку медиумите ќе се укажува за ризиците од возење автомобил на матурската вечер.
– Едноставна цел на оваа акција е матурантите да не возат на матурската вечер. Младите возачи, ако се матуранти, не смеат да управуваат моторно возило по 22 часот, без присуство на возрасен возач во возилото, а толеранцијата за алкохол кај нив е нула. Не смеат да имаат ниту капка алкохол во себе при управување со возило. Сето ова покажува дека матурант на матурска вечер зад волан е незаконска постапка – рече на прес-конференција Тоше Јанев,
портпарол на РСБСП.
Апелира матурантите да не се доведуваат во опасност себе и другите и да не возат, а родителите да не им даваат возила. – Доколку имаат услови и сакаат да направат нешто посебно за своето дете, нека го одвезат на матура или нека го испратат со такси или лимузина, но да не му даваат да вози, нагласи Јанев.

Флаерите што РСБСП ги испечати на македонски и на албански јазик се со укажување дека ако матурантите возат на матурската вечер веројатно ќе заработат казна, а и можеби и семејната радост ќе ја претворат во трагедија. РСБСП ја спроведува кампањата по четврти пат. Во изминатиот период, според портпаролот Јанев, не се регистрирани матуранти жртви во сообраќајки и е намален бројот на возачи матуранти.
Во организација на РСБСП в сабота во ОУ „Војдан Чернодрински“ во Општина Карпош ќе се одржат традиционалните државни натпревари „Детски семафор“ и „Сообраќајно-техничка  култура на младите“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top